Од утре се укинуваат маските за учениците, и сертификатите за вакцинација во угостителските објекти

Сподели на:

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.776 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи на КОВИД-19.

Во Скопје – 180, Битола – 29, Прилеп – 21, Охрид – 14, Куманово – 10, Кавадарци, Велес, и Делчево – по 9, Гостивар – 4, Тетово, Кичево, Гевгелија и Крушево – по 3, Струмица, Кочани и Пробиштип – по 2, Штип, Струга, Ресен, Радовиш, Дебар, Валандово и Кратово – по 1.

Владата ги усвои препораките на Главниот координативен кризен штаб за справување со КОВИД-19 на денешната седница :
Во факултетите ширум државата да се започне настава со физичко присуство според препораките за превенција од коронавирус КОВИД-19, задолжително носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание 1-2 метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за вакцинација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата.

За основните училишта, наставата да се одвива без маски за учениците, освен ако учениците по сопствена волја не бараат да носат заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски.

Да се укине мерката за задолжително поседување сертификат (за извршена имунизација (вакцинација), односно примени две дози на вакцина против КОВИД-19 или сертификат за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето) за посета на угостителски објекти на отворено. За затворените делови останува обврската за задолжително поседување на сертификатите за вакцинација или за прележаност.

Препорака да се зголеми максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот најмногу до 50%, на најмногу до 75%, со задолжително носење на заштитни маски за културни настани. Театри, кина, филхармонија, како и семинари, обуки, состаноци, конференции.


Сподели на:

Слични Објави