Одбележан патронатот на ОУ Страшо Пинџур во Мало Коњари

Сподели на:

109 години од раѓањето на народниот херој Страшо Пинџур и одбележување на патрон празникот во истоименото основно училиште во населеното место Мало Коњари. Со литературно читање, спортски натпревари и полагање свежо цвеќе пред неговата спомен биста беше одбележана годишнината од раѓањето на народниот херој, а во училиштето се одржа и свечена програма по повод патрон празникот на ООУ „Страшо Пинџур“ Директорот на училиштето Зоран Петрески, пред присутните се заблагодари за поддршката од Локалната самоуправа во функционирањето на училиштето и за поддршката во реализацијата на проектите со кои што значително се подобрени условите за работа и учење, а воедно на целокупниот колектив и на учениците им го честиташе патрониот празник и им посака успех на сите во учењето и во работата.

Сподели на:

Слични Објави