Опожарени две возила на пратеник од Прилеп (фото)

Сподели на:

Во 2 часот по полноќ на 20.07.2022 против пожарната единица од Прилеп интервенирала со гасење на две опожарени возила на улицата Цар Самоил, возилата биле во сопственост на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп Петар Ристески кој деновиве беше доста гласен од сообраниската говорница против договорот со Бугарија. Причините и сторителите на овој настан не се познати а се очекува да се произнесе и МВР бидејќи не е прв пат да се опожарува возило во Прилеп, неодамна беше опожарено и возилото на директорот на Комуналец Прилеп.

Сподели на:

Слични Објави