Осум осудени за 27 април излегуваат на слобода ден пред Нова година, по години поминати во затвор
Повеќето од осудените за настаните од 27 април 2017 година добиле условен отпуст, откако издржале повеќе од две третини од затворските казни. Одлуките ги донел Кривичниот совет, кој оценил дека се исполнети законските услови за да се донесе ваква одлука.
На слобода ден пред Новата година треба да излезат Мунир Пепиќ, Оливер Поповски, Влатко Трајковски, Душко Лазаров, Јане Ченто, Митко Пешов, Горан Ѓошевски и Никола Митревски. Досега отпуст добија Младен Додевски и Горан Ангелов-Ќосето кои го напуштија затворот.


