Осветлен прилепскиот градски часовник

Сподели на:

Градскиот часовник во Прилеп, повторно блесна во својот препознатлив сјај. Односно, од вчера градскиот саат во Прилеп, после повеќе години е повторно целиот осветлен. Веста ја соопшти прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски, кој истакна:

“Градскиот саат – гордоста и симболот на Прилеп! Во срцето на нашиот Прилеп, гордо се издигнува Градскиот саат, сведок на времето, истрајноста и духот на прилепчани. Денешната Саат кула ја изградиле мајсторите Христо Тасламиче, Петре Лауцо и неговата тајфа, кои ја подигнале новата камена кула на местото на старата дрвена, изгорена во пожарот во 1854 година.

Изградена е на шестаголна основа, со масивни камени блокови, висока 38,76 метри, а заедно со столбовите и конусот достигнува импозантни 55 метри. Со својата убавина, стабилност и архитектонска прецизност, таа претставува ремек-дело на прилепските градители и симбол на в јај, Саат-кулата го краси срцето на градот, потсетувајќи нè дека времето поминува, но духот на градот останува вечен. Со гордост го чуваме нашето наследство и градиме иднина достојна за Прилеп!” – изјави прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.

Сподели на:

Слични Објави