После обилните врнежи во Прилеп, ситуацијата ставена под контрола

Сподели на:

Обилни врнежи од дожд попладнево го зафатија Прилеп. Во последните 20 години не биле забележани вакви обилни врнежи, гратската река го достигна својот максимум на водостојот и на некои места излезе од речното корито. Алармантна беше ситуацијата во населбата Тризла но веќе се стабилизира. Дежурни екипи на ЈКП Водовод и канализација, ТППЕ и ЈКП Комуналец Прилеп веќе се на терен, исто така увид на состојбата извршија и Претседателот на совет Дејан Проданоски и директорите на ЈКП Игор Гулабоски и Рубин Абрашоски, истакнаа дека нема простор за паника и загриженост бидејќи ситуацијата е ставена под контрола, дежурните екипи ќе останат на терен ако е потребно и преку ноќта, но сепак од утре ќе се погрижат за санирање на настанатите штети од невремето.

Сподели на:

Слични Објави