Пожар на фотоволтаици пред посетата на Ковачевски
Пред посетата на Димитар Ковачевски, утринава изби пожар во трансформаторска станица, дел од фотонапонска електрана на поранешниот рудник за јаглен „Осломеј“.
Пожарот е изгаснат, а од компанијата соопштија дека се работи за пробна работа и оти се можни вакви дефекти.
Ковачевски, заедно со министерот за економија Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски се дојдоја за одбележување на завршувањето на градба на фотонапонската електрана „Осломеј 1-10МВ“.