Притисокот расте, штрајкувачите нема да добиваат плата изјави министерката Тренчевска
На штрајкувачите во школите и градинките ќе им бидат исплатени само придонеси, рече денеска министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Министерката вели дека тоа не значело дека врз вработените се прави притисок да го прекинат штрајкот, туку, како што вели, тоа е само почитување на законите и Колективниот договор.
За денеска е закажана седница на Советот на СОНК на која, како што најави претседателот на овој синдикат Јаким Неделков, ќе биде донесена одлука во врска со предлогот на владата за зголемување на платите од 10 отсто со цел да биде прекинат штрајкот во образованието.