Проданоски најави изградба на нова населба „Градина“

Сподели на:

Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, ја претстави својата визија за развој на градот преку реализација на еден од најамбициозните урбани проекти досега – изградбата на новата населба „Градина“.Во својата објава, Проданоски истакна дека Прилеп заслужува да стане вистински европски град, со инфраструктура и стандарди што нудат достоинствен и квалитетен живот за сите граѓани.

„Мојата визија за Прилеп е јасна – да изградиме град кој расте, се развива и им нуди на сите граѓани современ живот. ‘Градина’ треба да биде новата иднина на Прилеп, пример како со план и визија можеме да создадеме уреден, зелен и функционален град“, рече Проданоски.

Новата населба ќе се гради на просторот на поранешните оранжерии, на само 1,5 километар од центарот на градот, и ќе опфаќа површина од 42 хектари. Проектот е дизајниран според највисоки европски стандарди и ќе биде дом за околу 13.000 жители. Планирани се повеќе од 420 градежни парцели за изградба на станбени куќи, згради, деловни и трговски објекти, како и јавни институции – училишта, градинки, спортски и рекреативни центри.

„Ќе изградиме широки улици, тротоари, велосипедски и пешачки патеки, енергетски ефикасно осветлување, централно греење и многу зеленило. ‘Градина’ ќе биде место каде што ќе растат деца, ќе се создаваат семејства и ќе се гради иднина,“ нагласи Проданоски.

Еден од главните приоритети на проектот е задржување на младите во Прилеп преку создавање квалитетни услови за живот и работа.„Со овој проект сакаме да им дадеме причина на младите да останат во Прилеп, да ја гледаат својата иднина тука, дома. Ова е визија што не создава само нова населба, туку нова енергија и нова перспектива за сите прилепчани,“ истакна тојПроданоски најави дека „Градина“ ќе претставува симбол на европскиот и зелен развој на градот – модерен пример за урбан живот, енергетска ефикасност и хумано уредување на просторот.Со работа, посветеност и љубов кон градот, ќе го направиме тоа реалност. Вистинскиот избор е јасен – Прилеп, град на иднината,“ заврши Проданоски.

Сподели на:

Слични Објави