Проданоски и Јовчески направија примопредавање на градоначалничката функција

Сподели на:

ОПШТИНСКАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА ГИ ВРАЧИ УВЕРЕНИЈАТА НА НОВОИЗБРАНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ И НА ЧЛЕНОВИТЕ НА НОВИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

Во просториите на Општина Прилеп, денес беа врачени уверенијата на новоизбраниот градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, и на членовите на новиот состав на Советот на Општина Прилеп. Претставниците на Општинската изборна комисија, на сите избрани претставници им честитаа и им посакаа успешна работа во следниот мандат, со апел за одговорно, транспарентно и посветено извршување на функциите во интерес на сите жители на општината. Новоизбраниот градоначалник, г. Дејан Проданоски, по примањето на уверението, изрази голема благодарност до сите граѓани за укажаната доверба и истакна дека оваа чест претставува и голема обврска. Изразувајќи благодарност за досегашната работа на градоначалникот Борче Јовчески, тој нагласи дека во периодот што следи ќе работи посветено, одговорно и во партнерство со Советот на Општина Прилеп, со цел создавање услови за подобра, современа и уредена општина.„Ќе се водиме од принципите на соработка, почит и континуитет, а нашата цел ќе биде јасна, унапредување на животниот стандард на сите граѓани, независно од нивната политичка, етничка или верска припадност. Верувам дека со заеднички напори ќе продолжиме да го градиме Прилеп како современа и успешна општина“, истакна Проданоски. Со денешното врачување на уверенијата, официјално започнува новиот мандат на органите на локалната самоуправа во Општина Прилеп.

Сподели на:

Слични Објави