Продолжува проектот за рехабилитација на улиците во Прилеп
Активно работиме на подобрување на инфраструктурните услови во секоја населба во нашиот град. Продолжуваме со проектот за рехабилитација на улици во нашата општина. Одговорно и посветено за Прилеп! Изјави денес Градоначалникот Јовчески на социјалните мрежи. Проектот за рехабилитација на улиците во Општина Прилеп е започнат пред неколку месеци и има за цел да се рехабилитираат и асфалтираат 60 улици во Прилеп.