|

Редици на бензиските поради поскапувањето од 10 денари по литар дизел (фото)

Сподели на:

Најавеното поскапување на горивата, ги натера граѓаните да побрзаат кон бензинските пумпи и да си фатат ред во долгите колони. На некои од бензиските се чекаше и до 3 часа во километарските колони, а пак на некои не се ни точеше гориво поради недостиг на залихи на нафта и бензин.

Регулаторната комисија за енергитика (РКЕ) на Република Македонија со задоцнување денес објави дека од полноќ ќе поскапат нафтените деривати односно горивата, па така дизелот ќе се продава 85.5 денари по литар а бензинот за 5 денари поскапо од досегашната цена.

Сподели на:

Слични Објави