Ристески: Законот за амнестија, такви штетни закони ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи
„Социјалдемократскиот сојуз направи една пракса на шверцерски начин да носи штетни закони за државата. Истото се случи со измените на Кривичниот законик, истото тоа се случува сега. Што повеќе да зборуваме за еден закон, кога не сака да го потпише ресорниот министер. Министерот за правда не сакаше да ги потпише и не ги потпиша измените на Кривичниот законик“, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.
Ристески додаде дека дури во јавноста дојде вест дека министерот за правда сакал да си даде оставка, па го враќале.„Гледаме дека Социјалдемократскиот сојуз е во тесно. Нема каде повеќе да оди и политиките нивни доживеаја порази во сите сфери“, рече пратеникот.Тој посочи дека штетните закони кои на шверцерски начин власта ги носи во Собранието, се осудени од граѓаните.„Измените на Кривичниот законик се осудени од ЕК, бидејќи се донесоа со злоупотреба на европското знаменце“, потсети Ристески.Пратеникот рече дека исто е и со законот за амнестија, такви штетни закони ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи.„Со овој закон ќе се амнестираат луѓе кои извршиле криминал. А, тука се зборува и за ситни криминалци, и луѓе кои извршиле разно разни дела. И поради тоа граѓаните не веруваат во правосудниот систем“, укажа тој.