Саниран и асфалтиран, дел од улицата ,,Александар Македонски”
Секој ден се асфалтира нова улица! Саниран и асфалтиран, дел од улицата ,,Александар Македонски” на влезот од стариот пат Битола-Прилеп, во рамките на програмата за одржување на локални патишта и санација на ударни дупки, за 2023 година. Акцијата за санирање на оштетени улици и асфалтни површини на територијата на Општина Прилеп продолжува и во наредниот период.