Се чисти речното корито и дивите депонии од страна на ЈКП Комуналец Прилеп

Сподели на:

На почетокот од април се најавуваат врнежи и пониски температури, затоа комуналните работници го користат секој поволен временски момент да завршат дел од обемниот Оперативен план. Се косат парковите во градов и градската река.

Се чистат диви депонии како и дел од речното корито на крајот од ул,, Андон Слабејкоски’’. Денеска, по планот за чистење на ѓубришта и диви депонии низ градов се чисти по кејот и во неурбанизираниот дел од Градската река, на потегот од железничкиот надвозник на ул,, Андон Слабејкоски’’ со спојот на ул,, Трајко Николоски’’. Се замолуваат возачите во текот на денов и утрешниот ден да го избегнуваат овој потег за сообраќај, од хигиенски причини, заради градежната механизација која работи на овој потег, но и транспортот кој треба да се изврши на насобраниот отпад до депонијата во Алинци.

Сподели на:

Слични Објави