Синдикатот на полицијата поднесе пријава против екс министерот Спасовски

Сподели на:

Синдикатот на полиција во Македонија до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.Како што се посочува во соопштението од Синдикатот, пријавата е поднесена поради постоење на основано сомнение дека тој својство на службено лице – поранешен министер во МВР со пречекорување на овластувањата и злоупотреба на службената положба и овластувања кои ги имал ги сторил кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ и „Несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.

-Во конкретниот случај постои основано сомнение дека пријавениот О.С. со злоупотреба на службената положба и овластување, со непочитување на здравствените прописи кои важеле во тоа време како и преземање на мерки и службени дејствија за време на спреченост на работа односно додека бил на боледување и непочитувајќи ги прописите за заштита од прописите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за заштита од вирусот „Ковид 19“ своерачно и незаконски потпишал две решенија за распоредување, се вели во соопштениеот од Синдикатот.

Сподели на:

Слични Објави