Сите патишта и улици во општина Прилеп се проодни за сообрајќај!
Сите патишта и улици во општина Прилеп се проодни за сообрајќај! – изјави доцна попладнево Градоначалникот Борче Јовчески Нашата Локална самоуправа, заедно со надлежните служби и фирми, подготвени ги дочекавме врнежите на првиот снег. Службите се активирани, веќе се на терен и брзо и ефикасно патиштата се успешно исчистени осигурувајќи непречен и безбеден сообрајќај во општината. Ќе продолжиме да делуваме со цел да обезбедиме сигурност во текот на зимскиот период, за сите наши сограѓани да можат непречено да ги одвиваат своите обврски по сите наши локални патишта и улици.
Години наназад шегата на прилепчани беше “ќе ги изненади снегот,, но оваа година со навремено чистење на снегот и увид на терен, улиците во градот се проодни и сообрајќајот се одвива без проблеми.