Со пари од ЕУ ќе се дигитализира Општина Тетово

Сподели на:

Во периодот што следува Општина Тетово се очекува да стане целосно дигитализирана општина. Тоа го предвидува проектот „Иновативни дигитални општински решенија во општина Тетово“ кој Општината ќе го спроведува со голема помош од ЕУ. Со него се предвидува да се дигитализираат најважните општински институции кои на граѓаните ќе им даваат брзи и точни услуги со што се очекува да се придонесе кон зголемување на квалитетот на услугите кои Општината им ги нуди на своите граѓани.

Најголемиот дел од средствата кои ќе бидат искористени за дигитализација на Општината доаѓаат преку грантови од Европската Унија.

Сподели на:

Слични Објави