СОНК Прилеп не се задоволни од договорот и се за продолжување на штрајкот
Мнозинството членови во СОНК Прилеп се незадоволни од договорените 12% зголемување и се за продолжување на штрајкот.
Против предлогот изјаснија над 90% од просветните работници кои се членови на СОНК, а се дел од регионалните ограноци на СОНК низ Македонија.
За потсетување, СОНК бараше зголемување на платите за 18,4 проценти веднаш и усогласување на останатите плати со минималната плата. Владата првично предложи зголемување на платите од 10 проценти, овој предлог не беше прифатен од страна на СОНК, за синоќа да договорат покачување од 12%.