Жена се удавила во Охридско Езеро
Во водите на Охридското Езеро во близина на плажа во Струга вчера бил најден давеник. СВР Охрид соопшти дека по направениот увид било утврдено дека се работи за 67-годишна жена од Ресен.– Во ОВР Струга, вчера во 15 часот и 25 минути е пријавено дека, во водите на Охридското Езеро, во близина на плажа во Струга, забележано е безживотно тело. Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за Ф.С.(67) од Ресен, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.Доктор од Здравствениот дом и Итната медицинска помош од Струга, констатирале смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.