|

Богата празнична програма цела седмица во Прилеп

Сподели на:

Со големо задоволство на прес конференција во општина Прилеп денес се објави програмата за годинашното издание на „Прилепска празнична приказна“, настан кој оваа зима ќе го претвори нашиот град во вистинска празнична сцена, исполнета со светлина, музика, детска радост и заедништво.

Посебна благодарност упатуваме за учеството и коорганизацијата на нашата реномирана и општествено одговорна компанија „Витаминка“, која во наредната година ќе одбележи 70 години успешно постоење. Овој значаен јубилеј е потврда дека кога локалната самоуправа и домашните компании се обединети околу вистински вредности, резултатите се видливи и значајни за сите граѓани. Со овој нов, а сепак традиционален концепт, кој симболизира зближување, заедничка дружба и празнична радост, воведуваме и еден дополнителен автентичен момент Новогодишниот базар, со 7 големи дрвени, празнично уредени куќарки, во кои ќе бидат понудени храна, пијалоци и ракотворби, создавајќи ја онаа препознатлива атмосфера, симбол на големите европски новогодишни базари. Културно-уметничката и музичката програма, како и Новогодишниот базар, ќе бидат отворени секој работен ден од 17:00 до 21:00 часот, а за време на викендите со целодневна програма.

Ги поканувам сите прилепчани, како и сите граѓани на Македонија, да бидат дел од оваа празнична магија во Прилеп, да уживаат во богатата програма и заедно да создадеме спомени што ќе не обединат и внесат во новата година со насмевка и позитивна енергија. Прилеп заслужува убава приказна. Добредојдовте во „Прилепска празнична приказна“!” – изјави градоначалникот Дејан Проданоски.

Сподели на:

Слични Објави