| |

Куку леле со одлична забава во Општина Могила

Сподели на:

Меѓугенерациски ретро спој во Општина Могила, односно забава за сите генерации на плоштадот св. Никола во Могила. Македонските музички легенди КУКУ ЛЕЛЕ ја забавуваа вчера публиката од цела Пелагонија во Општина Могила, настанот беше со цел спој меѓу различните генерации под покровителство на Општина Могила.

Меѓугенерациски Спој Могила – 2025

Во Могила, покрај сите спортски и културни случувања, веќе девет години по ред успешно се организира еден настан кој ги зближува сите генерации – Меѓугенерацискиот Ретро Спој! Од идеја на љубителите на ноќниот живот во Могила, преку култните локални диџеи кои имаат значаен придонес за музичкиот и културен развој на Могила, овој настан прерасна во вистинска традиција што секоја година ги собира и младите и постарите на едно место. Во изминатите години, покрај диџеите од Могила, настапуваа и познати групи кои оставија неизбришлива трага и создадоа своја публика во нашата убава Могила. Најубав пример за тоа е групата Kameleon Ohrid, чии песни речиси сите во Могила ги знаат наизуст, а нивните концерти кај нас секогаш се вистинско доживување.Оваа година, за деветтото издание на Ретро Спој, организацискиот одбор заедно со Општина Могила и градоначалникот Саботквски реши настанот да го збогатат со гостување на една од најпопуларните македонски групи – Куку Леле! Група кој е вистински музички спој на генерациите. Могила и оваа година е пример за добра забава и организација во целиот регион.

Сподели на:

Слични Објави