Во која држава најмалку се работи, најмногу се ужива?

Сподели на:

Рамнотежата помеѓу деловните обврски и приватниот живот се повеќе се истакнува како важен фактор за квалитетен живот. Треба да размислите и додека сонувате да се преселите во земја идеална за живеење, бидејќи понекогаш работите не се баш како што ни изгледаат од далечина.

Параметрите кои се земаат предвид при рангирањето на земјите го вклучуваат просечниот број на работни часови неделно, должината на годишниот одмор, процентот на жители кои имаат ненарушен ноќен сон, очекуваниот животен век и чувството на среќа на испитаниците во секоја земја опфатена со истражувањето. Според сите овие критериуми, Луксембург е на врвот, меѓу другото, благодарение на системот во кој работодавците ги наградуваат вработените со поголем годишен одмор колку се постари. Така, работниците над 55 години во оваа земја имаат просечно 36 дена платен годишен одмор.

Сподели на:

Слични Објави