ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023
Успешно реализирана втора година по ред еколошката акција „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ 2023, за чистење околу вештачкото езеро во општина Прилеп. Во оваа акција учество зедоа основните општински училишта со свои ученици и наставници предводени од градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, претседателот на Совет на Општина Прилеп, Дејан Проданоски и директорот на ЈКП Комуналец – Прилеп Рубинчо Абрашоски, како и останати граѓани и претставници на институции. Отпадот беше собран и селектиран според неговиот вид во различни кеси за отпад.За секои 10 килограми собран отпад, Министерството за земјоделство ќе обебеди по едно дрво за пошумување на нови шуми! Им благодариме на здружението ,,Man and Mountain” за можноста и на сите кои се вклучија и ја помогнаа оваа акција а со тоа ја одржуваме и ја правиме нашата околина почиста и поубава! Изјавија од Општина Прилеп за настанот.