Хуманитарен концерт на The Hounds за болните од цистична фиброза
Под мотото ,,Прилеп – Борец, херој, хуманитарец”, денес ги започнаа активностите и настаните за одбележување на 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп. Пред градскиот саат во Прилеп, со најубавиот и најблагородниот настан. Хуманитарен концерт на прилепскиот рок бенд ,,The hounds” со цел поддршка на лицата заболени од цистична фиброза. Локалната самоуправа и советот на Општина Прилеп дадоа голема поддршка на настанот. Благодарност изразија и до сите кои што придонесоа за денешниот настан и до општествено одговорните компании од нашиот град.