Каква култура е ова?

Сподели на:

Каква култура имаат овие луѓе? Само еден ден помина откако комуналците ја чистеа реката, а некој несовесен граѓанин го фрлил половина мебел. ЈКП Комуналец со остра реакција изјавија:

Која храброст ја имал нашиот сограѓанин, па преку ноќ на место каде стои информативна табла со ,, забрането одлагање на отпад”, ја исфрлил целата покуќнина. И ова не е на периферијзта на градот, не е на некоја дива депонија, ова е скоро во центарот на градот, на 10 сетина метри од оградата на ОУ,, Кире Гаврилоски-Јане.И само што помислувате дека по поплавата која со себе го донесе и сиот отпад, совеста ќе ни проработи, наш сограѓанин преку ноќ го испразнил домот со непотребни стари кревети, теписи, пердиња, облека и обувки и ги исфрлил до мостот кој води во тиската населба. Порака до ,, господинот”.Драг наш сограѓанину! За да бидеш господин во животот, само да си се јавел на 048 /428 992 и да пријавиш каков отпад треба да се подигне од твојот двор со бесплатната дополнителна линија од ,, Комуналец”, која секој четврток доаѓа на пријавената адреса и собира габаритен отпад и други ствари.Драг ,, господине”, господин човек е оној кој ќе си ја организира работата, а други ќе му ја завршат. Драг,, господине”, во 21 век, дозволувате Вашето дете утрово кога оди на училиште да ја види оваа грда слика во својот град и да има лоша перцепција во своето главче за својот роден град. И за крај, Драг,, господине”, кога ќе бидете прав ГОСПОДИН?!Комуналните работници веќе го исчистија местото, а случајот од страна на ,, Комуналеџ”, е пријавен во Инспекторатот при Локалната самоуправа.

Сподели на:

Слични Објави