“Книги во Прилеп” сабота под саат кулата

Сподели на:

КНИГИ ВО ПРИЛЕП

Од мотото не престанувај да читаш, Здружението за културна размена Логос, со поддршка на Општина Прилеп го реализира културниот настан “Книги во Прилеп” кој има за цел да ја разбуди книжевната пролет кај прилепчани! Во сабота, на 30 март, на плоштадот кај Саат кулата, неколку издавачки куќи, ќе ги претстават своите изданија, со што читателската публика ќе има можност за увид во најновите текови на светската и македонската книжевност. Ќе бидат претставени класични дела, детски изданија како и дела од современи странски и македонски автори.

Сподели на:

Слични Објави