Одбележани 120 години од смртта на војводата Методија Патчев
Денес во Кадино село, делегација од Општина Прилеп предводена од Градноначалникот Борче Јовчески, Претседателот на совет Дејан Проданоски, Пратеници, здружението Методија Патчев од Охрид и други положија свежо цвеќе на вечното почивалиште на Македонскиот револуционер, војводата Методија Патчев. Преку рецитали, песни и реферат учениците од ОУ „Страшо Пинџур“ не потсетија на големото револуционерно дело на Патчев, како и на денот кога тој загинал заедно со својата чета.
По повод 120 годишнината, цвеќиња на гробот на Методи Патчев положија и претставници од ООУ „Страшо Пинџур“ и почитувачи на неговиот лик и дело.
Панихидата во чест на великанот Методи Патчев ја изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Петар.
Методи Патчев е роден на 14 мај 1875 година во Охрид а загинал откако бил предаден во 1902 година во Кадино Село бранејќи ја Македонија од турскиот аскер.
Со песна, после 24-часовна борба, Методи Патчев и неговите соборци со последните куршуми извршиле групно самоубиство.