По 16 години се врши комплетна реставрација на езерцата во паркот на Могилата

Сподели на:

По 16 години од кога се изградени езерцата со гејзер во паркот на Могилата, деновиве се врши комплетна замена на подлогата со изолација и со нова водоводна и електрична инсталација. Езерцата не беа во функција од 2018 година, минатата година се правеа напори истите да се оспособат, но времето си го сторило своето. Паркот на Могилата е изграден од ледина, со тогашни 3.000.000 ден од донација од Форумот на заедниците од Амбасадата на Република Швајцарија, и околу 7.000, 000, денари од ,, Комуналец”, и Локалната самоуправа. Да информираме дека од средината на месец август, во паркот на Могилата, во делот пред амфитеарот ќе започнат градежните активности за изградба на детско игралиште со различни содржини со финансиска конструкција од 3.000.000, 00 ден. исто донација од Форумот на заедниците, кои се одржуваа во неколку плански региони низ Македонија. Локалната самоуорава е носител на проектот, а ,, Комуналец”, како партнер ќе учествува во делот на подготовка на теренските работи и хортикултурното уредување. По налог на Локалната самоуорава, а пред да започне изградбата на детското игралиште на површина од 1000 м2, од страна на ,, Комуналец”, ќе се прави рехебилитација на сите постојни содржини на Могилата.

Сподели на:

Слични Објави