|

Прилепскиот клуб КГС Партизан на државен натпревар во спортска гимнастика

Сподели на:

Изминатиот викенд,на 28 и 29 Мај, Битола беше домаќин на Првиот Државен натпревар во спортска гимнастика во А и Б програма во женска и во машка конкуренција. Прилепскиот клуб КГС Партизан – Соколи под водство на тренерите и дипл. Проф. По физичко и здравствено образование Мартина Јездиќ, Александра Стојаноска и Ивана Јанкоска, се претстави со 23 натпреварувачи. Конкуренцијата на натпреварите беше голема, учествуваа околу 160 натпреварувачи а учествуваа клубовите за гимнастички спортови ; КГС Партизан Битола, КГС Партизан Кочани, КГС Партизан Ѓорче Петров-Скопје, КГС Орце Николов –Скопје, Атлета- Куманово, КГС Партизан Срни од Кавадарци, КГС Партизан Струмица ,меѓу кои и КГС Партизан –Соколи Прилеп. Помеѓу најдобрите, на пиадесталот се искачија и прилепските гимнастичари и тоа: - во поединечен пласман во категоријата Јуниори во машка конкуренција, А програма, Бојан Ристески го освои третото место, во категоријата Сениори во машка конкуренција, А програма, Дамјан Атанасоски го освои третото место, во категоријата Пионери до 9 години во машка конкуренција, Б програма, Петар Момироски го освои второто место. во категоријата Сениорки во женска конкуренција, А програма, Ивана Јанкоска го освои второто место. Додека пак во екипен пласман : екипата на деца до 7 години во женска конкуренција, А програма, која ја сочинуваа; Јована Велеска, Анастасиа Талеска и Ана Колонџоска, го освои второто место. екипата на Пионерки од 10-12 години во женска конкуренција, А програма, која ја сочинуваа ; Стефанија Кузманоска, Хана Јошевска и Марија Нечкоска го освои третото место. екипата на Сениорки во женска конкуренција, А програма, која ја сочинуваа; Сара Петрова и Ивана Јанкоска го освои второто место. екипата на Јуниорки, во женска конкуренција, Б програма, која ја сочинуваа: Ана Марија Блажеска, Ева Јашмакоска и Матеа Тризагароска го освои второто место. Сите натпреварувачи имаа добри настапи, па дури и гимнастичарите во најмладите категории одлично ја прифатија и ја издржаа натпреварувачката атмосфера,што навистина влеа големи надежи за натамошни успеси во гимнастиката на овој клуб.

Сподели на:

Слични Објави