СОУ “Ѓорче Петров” ја крева на повисоко ниво атрактивноста на текстилно-кожарската струка
Раководството на СОУ “Ѓорче Петров” – Прилеп, барајќи начини да ја поткрене на едно повисоко ниво атрактивноста на текстилно-кожарската струка, заедно со стручниот актив од професори, оваа недела обезбеди нагледни средства, наставно-образовни помагала и материјали кои ќе им бидат од корист на учениците на часовите по практична настава. Освен тоа, денес се одржа работилница за учениците од оваа струка, но и за останатите заинтересирани ученици во соработка со Комфи Ангел каде што учениците се стекнуваат со знаења од текстилно-кожарската струка.
Ирена Јакимоска, директор на ,,Комфи Ангел” ДОО пред ученици и професори ја претстави својата животна и бизнис патека на успех од стартот , до денешната позиција, што е мотивација на младите генерации. Непосредно, топло, пријателски им порача на учениците да стекнуваат знаења кои ќе им бидат основа и богатство кое никој не може да им го земе, но и постојано да сонуваат , да бидат креативни , да да ги следат своите соништа. Со сонување и работа успехот ќе биде неизбежен. Комфи Ангел како општествено одговорна компанија работи и делува локално , но и глобално. Евгенија Најдоска од Тексомак на присутните им го презентира значењето од собирањето на текстилниот отпад, беа дадени совети како да се постапува со отпадниот текстил , еден од најголемите загадувачи на нашата планета. Денешниот настан беше испирација за успешно бизнис менаџирање и поттик за развивање на еколошка свест и грижа за животната средина кај младите кои се генерација огледало на нас возрасните и наша иднина.