Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп организираше настан во чест на сесловенските просветители Кирил и Методиј
Во пресрет на утрешниот државен празник, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп организираше настан во чест на сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј.
Упативме благодарност за нивното дело кое денес е душата на нашето постоење.
Оваа вечер беше исполнета со поезија, музика и текстови кои нѐ упатуваат во животот на Браќата просветители.
Со ваквите настани покажуваме стремеж кон зачувување на верата, на историјата, на достоинството и просветата. Од ова место денес сите заедно испраќаме порака дека ВМРО-ДПМНЕ со целото свое членство, непокорливо ги овековечува бастионите заслужни за словенската писменост, Македонците, татковците на писменоста – браќата Св. Кирил и Методиј изјави денес Претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Биљана Кузманоска.