|

Вчера се одигра претставата Декамерон

Сподели на:

Вчера во прилепскиот театар Војдан Чернодрински се одигра претставата Декамерон која е работена според новелите од италијанскиот писател од 14 век, Џовани Бокачо. Режија на Мартин Кочовски , актери се : Александар Степанулески, Наташа Ачански, Здравко Стојмиров, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Марија Спиркоска-Илиеска, Ангела Наумоска, Игор Трпчески, Михајло Миленкоски, Андон Јованоски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Цветанка Чавлеска, Сара Спиркоска и Леонардо Лазов.

Декамерон“ е претстава полна со живот. За жал, секојдневието не е. Специфичната природа на односи која ни е зададена во овој период, само ги извлече на површина проблемите на општеството кои сме ги имале. Изолираноста на индивидуата, отуѓувањето по секоја основа и класната поделба сега станаа видливи, но постоеле со децении. Истовремено, универзалната тага, солидарноста, сочувството нè поврзаа сите уште еднаш. Претставата „Декамерон“ стои на хуманистичката платформа на Џовани Бокачо и зборува за човековата волја за живот, радоста од „сега и тука“, за нашата кревкост но и за силата на човечкиот дух низ ефемерноста на среќата и поуките на трагичноста, додаваат од театарот „ Војдан Чернодрински“. На претставата беше присутен и Претседателот на совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски и за котлина.мк изјави дека е воодушевен од изиграната претстава исто така и од актерите.

Сподели на:

Слични Објави