Засадени 37 садници во ООУ Гоце Делчев
Учениците од ООУ Гоце Делчев Прилеп засадија 37 садници во кругот на училиштето
Со љубов кон природата
Природата дарува љубов, живот, убавина и задоволства за нашата душа и мил поглед за нашите очи. Сепак за да ја имаме убава природата треба да ја чуваме и негуваме, да ја штитиме и да не ја уништуваме. Таа бара љубов и внимание, а ни возвраќа со чист воздух и здрава животна средина.
Понесени од оваа порака учениците од еколошката секција од ООУ”Гоце Делчев” од нашиот град предводени од наставничката Донче Ангелеска денес реализираа акција која беше целосно поддржана од училиштето и поранешни ученици од нашето училиште Диме Велести и Ицко Богоески, кои важат за одличен пример за тоа како да се грижиме за животната средина.
Сите заедно засадија 37 садници симболизирајки ги 36-те паралелки во централното и 1-та комбинирана паралелка во с.Големо Радобил и на тој начин се стави почетокот на првата фаза на хортикултурното и партерно уредување на училишниот двор, проект кој ќе започне во текот на наредната седмица.
Се надеваме дека ова е одлична стратегија да ја подигнеме еко свеста на нашите ученици, која е една од многуте цели на нашето училиште.
Се надеваме дека соработката со Општината, со претставници од локалната средина, родителите и бизнис секторот ќе продолжи и сите заедно ќе придонесеме кон подобра чиста животна средина за нашите најмили, за нашата иднина.