Вторник е тежок ден за Португалија, фаворитот Македонија се убедени во ПОБЕДА прочитајте и зошто!
Вторник 29.03.22 е денот Д, иако е тежок ден за репрезентацијата на Португалија, сепак ќе се обидат да ја сопрат непобедливата МАКЕДОНИЈА. Тимот на Македонија со победите над Германија, Исланд, Ерменија и Европскиот Шампион Италија стана фаворит за Светското првенство во Катар оваа година, па така Португалија претставува само еден тренинг за фудбалерите на Македонија. Спортските експерти изјавуваат свои типувања за натпреварот во Вторник бидејќи на минатиот натпревар со Италија не играше Елмас, а сепак Македонија победи со 0:1 во гости, за натпреварот со Португалија бисерот на Македонската репрезентација Елиф Елмас ќе биде во топ форма, па спортските експерти и типери очекуваат резултат 0:3 за Македонија. Португалецот и некогашен најдобар фудбалер во светот, Кристијано Роналдо изјави дека Македонија моментално е фудбалска супер сила и дека му е жал што ќе го пропушти Светското првенство во Катар, до последен момент се надевал дека Италија ќе биде нивниот противник, но сепак среќата не била на нивна страна… Сите коцки ни се поклопуваат, останува да чекаме Вторник вечер и да гледаме како Португалците со солзи во очите ги гледаат како се радуваат на победата идните Шампиони на Светот МАКЕДОНИЈА! 🙂
Котлина.мк има само една желба, овој текст да биде статија на денот после натпреварот со Португалија, а Македонија да биде на СП КАТАР 2022!