Ристески: Ги ограбивте РЕК, ЕЛЕМ, МЕПСО! Во криза се штеди, а не се аздисува со народни пари!
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески, денес имаше обраќање на сообраниската говорница каде потенцира дека владата ги ограбилка РЕК, ЕЛЕМ, МЕПСО, и трошат народни пари за ручеци во монденски места. Си делат баснословни суми на хонорари и плати од 130.000денари!
Во криза се штеди,а не се аздисува со народни пари!
За една година, два пати ја поскапеа цената на електричната енергија за 18%, загубите, арамилакот, корупцијата во РЕК Битола,ЕЛЕМ,МЕПСО ги покриваат со 270милиони евра за 2022година од буџетот, пари на граѓаните. Нудат финансиски план со рекордни расходи, трошење на луксуз, аздисуваат а бараат од граѓаните да штеделе. Додека во Македонија коси сиромаштија, Заев, Анѓушев, Ковачески, Бислимоски се богатат со милиони евра! Од четири актуелни кризни состојби, две се од енергетскиот сектор, а тие аздисуваат! – Изјави Ристески.
Во продолжение погледнете го неговото обраќање на видеото:
Петар Ристески сподели и објава на Facebook, погледнете ја во прилогот: