Внимавајте! Во Киндер јајцата пронајдена салмонела
Откриени 21 случај на салмонела по консумирање на чоколадите „киндер“. Денес овој наслов одекна во Француските медиуми, но не само во Франција сегде ширум земјите каде се продава Киндер ја има салмонелата во производите.
Бактериите на салмонела предизвикуваат гастроинтестинални нарушувања, кои негативно влијаат кај малите деца, имунокомпромитирани лица, бремени жени и постари лица. Бактериите на салмонела предизвикуваат гастроинтестинални нарушувања, кои негативно влијаат кај малите деца, имунокомпромитирани лица, бремени жени и постари лица. Симптомите вклучуваат висока температура во рок од 48 часа од консумирањето на контаминираните производи.
Заразувањето следува по избувнувањето на епидемија на салмонелоза во неколку европски земји. Инфицираните производи се произведени во фабриката во Арлон, Белгија, и го содржат истиот генетски сој што беше одговорен за појавата на салмонелоза во производите на Велика Британија и Ирска, се додава во соопштението.
Здравствените власти ги предупредија потрошувачите веднаш да ги уништат контаминираните производи.