ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп асфалтира на места каде се вршени реконструкции на водоводна и канализациона линија

Сподели на:

ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп започна со работни активности асфалтирање на места каде се вршени реконструкции на водоводна и канализациона линија.
Денес таква активност е извршена на дел од улицата Пане Талески, на која после реконструкцијата на водоводната линија вградени се 13 тони асфалт. Истата комплетно ќе биде завршена до 9 мај.
Ваквите работни активности ќе продолжат во текот на цел месец мај според предвидената програма и динамика на ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп. На денешната работна акција направи увид и директорот на ЈКП Водовод и канализација Игор Гулабоски.
Од ЈКП Водовод и канализација изјавија дека се надеваат ќе наидат на разбирање и трпение од прилепчани за привремениот застој во сообраќајот на улиците каде ќе се одвиваат градежните зафати на ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп.

Сподели на:

Слични Објави