Дежурните екипи на водовод на терен поради поројните дождови
Директорот на ЈКП„Водовод и канализација“ – Прилеп Игор Гулабоски ги известува граѓаните на Општина Прилеп дека
поради најавената временска прогноза за подрачјето на Општина Прилеп, и најавата за поројни дождови што очекуваме да го зафатат овај регион.
ЈКП„Водовод и канализација“ – Прилеп организираше дополнителни дежурни екипи од одделението Одржување на водоводната мрежа и од одделението Канализација кои се излезени на терен и внимателно ја следат состојбата се со цел навремено санирање и отпушување на атмосферската и канализационата мрежа.
Дополнителните дежурни екипи на ЈКП„Водовод и канализација“ – Прилеп се на располагање од денес и истите ќе бидат активни и во текот на предстојниот викенд.
Директорот на ЈКП„Водовод и канализација“ – Прилеп Игор Гулабоски упатува повик до сите граѓани на Општина Прилеп што имаат потреба од интервенција веднаш да се обратат до ЈКП „Водовод и канализација“- Прилеп и исто така ги замолува граѓаните за разбирање .