|

Новогодишно обраќање на претседателот на Совет на Општина Прилеп, Дејан Проданоски

Сподели на:

Почитувани сограѓани,

Дозволете ми најпрво да ви ја

честитам Новата 2023 година и да ви упатам најискрени желби за добро здравје, мир, благосостојба и повеќе радост во вашите домови.

Во годината која измина, се соочивме со многу предизвици и премрежја како резултат на светската економска криза која особено негативно се почувствува во Република Македонија, кај секој еден граѓанин.

Почетокот на новата година и празниците кои доаѓаат, се моменти во кои се раѓа една нова надеж, една нова верба дека ќе имаме подобра и поуспешна година на секое поле. Во овие мигови, да се потсетиме на вистинските вредности кои треба да бидат наша водилка и извор од кој извираат нашите мисли и дела.

Со одговорно, чесно и транспарентно работење, преку надминување на разликите и предрасудите, преку негување на традицијата за соживот и почитување едни со други, да продолжиме да го градиме нашиот Прилеп по највисоки стандарди.

Само така, желбите за подобар живот ќе станат реалност, а Прилеп ќе биде заеднички дом на среќни и сложни луѓе, пристојно место за живеење за сегашните , но и за идните генерации.

Нека ни е среќна и бериќетна новата 2023 година.

Сподели на:

Слични Објави