Три лица загинати во тешка сообраќајка
Три лица починаа во тешката сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Штип – Миладиновци, кај Три чешми. Според информации од СВР Штип во несреќата учествувале две возила, на местото на настанот починати се две женски лица, 62-годишна жена и малолетно девојче на 15-годишна возраст, а во КБ Штип починало уште едно женско лице на 37-годишна возраст. Повредени со тешки телесни повреди се најмалку четири лица кои се пренесени во штипската Клиничка болница.На терен се и екипи од Територијалната противпожарна единица.