Денес Градоначалникот беше во посета на ООУ „Блаже Конески“
Денес Градоначалникот беше во посета и увид на ООУ „Блаже Конески“.
Во училиштето што го носи името на нашиот најголем амбасадор на македонската книжевност имаме нови инвестиции со кои што во летниот период беа значително подобрени условите за работа и учење. Беше извршено комплетно партерно уредување на задниот дел од училиштето каде што беа поставени нови бекатон плочки и беше изграден нов летниковец. Реновирани беа санитарните јазли на двата спрата и набавени се машини за чистење со цел подобрување на хигиената во училиштето. Исто така набавени се 8 интерактивни табли, нов експанзионен сад за котларата и поставени беa роло завеси во целата училишна зграда. Библиотеката во училиштето беше збогатена со нови литературни и лектирни изданија а го посетивме и подрачното училиште во населбата Варош, каде што младите ученици не пречекаа со интонирање на химната на Република Македонија. Продолжуваме активно да работиме на подобрување на образовниот систем, затоа што знаењето е сила а образованието е основен предуслов за развој изјави Градоначалникот Борче Јовчески при посетата.