Андоновски: ОТВОРЕН САЕМОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПРАКСА “КОНТАКТ”
ОТВОРЕН САЕМОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПРАКСА “КОНТАКТ”, техничкиот министер за информатичко опшество и администрација, Стефан Андоновски изјави: Во рамки на кампусот на техничките факултети на УКИМ денес со Деканот на ФИНКИ го отворивме јубилејниот 10ти Саем на вработување и пракса “Конект”. Поврзувањето на студентите со пазарот на трудот и економијата е клучно за успех. Овие факултети одлично го работат тоа и овие примери треба да се пресликаат. Успехот на секоја компанија ќе се цени според инвестициите во човечкиот капитал и свежите идеи на младите луѓе. На студентите им порачав да не се потценуваат и да бараат работа која ќе им даде можност за професионален успех, високоплатени работни места и напредок. Ние пак, како институции, имаме задача да реализираме политики за да си ги задржиме младите луѓе дома. Луѓето се пред сѐ и секоја мерка треба во својот центар да ги има луѓето.