Инаугурација на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова

Сподели на:

Силјановска-Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на вториот круг од Претседателските избори одржани на 8 мај 2024 година го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски. Според првичните официјални резултати на Државната изборна комисија (ДИК) Сиљановска – Давкова освила 561.001 глас, а нејзиниот противкандидат Пендаровски 251.881 глас.

На инаугуративна седница во Собранието, Гордана Силјановска-Давкова даде свечена изјава за стапување на функцијата претседател на Македонија во мандатниот период 2024 – 2029. Силјановска-Давкова – шести претседател и прва жена на оваа позиција од осамостојувањето на државата се обврза дека должноста ќе ја извршува совесно и одговорно, ќе го почитува Уставот и законите ќе го штити суверенитетот, територијалниот интегритет и независност Република Македонија.

-Ќе го почитувам овој парламент, ќе ги заборавам лошите моменти, ќе ги помнам само добрите, ќе бидам претседателка и на левата и десната страна, на сите граѓани, нема да правам разлика меѓу нив по етничка, верска, полова ни по која било друга основа. Ќе се обидам да ги оправдам овие илјадници гласови кои не се само најубав подарок за мојот роденден, туку и најголема обврска и одговорност, истакна Сиљановска-Давкова на инаугурацијата на 151 седница на Собранието, која ја водеше досегашниот нејзин претседател Јован Митрески.

Посочи и дека самата не можела да замисли ваква доверба со гласови од над 560 илјади граѓани и дека се уште не може да верува во тоа, а дека единствен човек кој тврдел дека тоа ќе се случи, рече, бил Христијан Мицкоски, кој ја уверувал дека „тоа ќе се случи кога ќе има хармонија меѓу математиката и емоциите“.

По заклетвата во Собранието, според најавата, Силјановска-Давкова на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести, во Кабинетот на Претседателот во „Вила Водно“ ќе ја преземе функцијата од досегашниот претседател на државата, Стево Педаровски, со кого потоа ќе има тет-а-тет средба.

Сподели на:

Слични Објави