20-ти мај, Денот на пожарникарството
Денес го одбележуваме 20-ти мај, Денот на пожарникарството во Република Македонија! Почитувани пожарникари,вашата професија е една од најблагородните и претставува симбол за солидарност и хуманост пред сѐ. Со самото тоа вие сте тимот кој што има огромно значење за нашата општина и за безбедноста на нашите сограѓани. Во името на сите граѓани на општина Прилеп и во мое лично име сакам да изразам благодарност за вашата пожртвуваност и за вашата професионалност при извршувањето на вашите работни задачи во обезбедувањето на личната безбедност на граѓаните и на нивните имоти. Сигурен сум дека и во иднина секогаш ќе бидете на висина на задачите и ќе одговорите на сите предизвици кои што ви ги носи професијата. Општина Прилеп и лично јас како градоначалник сакам да ви посочам дека ќе направиме сѐ што е потребно за да ви бидат обезбедени сите дополнителни средства кои што се неопходни за извршување на вашата работа.Ви го честитам овој ден, ви посакувам добро здравје и да имате што помалку работа. Изјави Градоначалникот Борче Јовчески при посетата на ТППЕ Прилеп.