|

Од понеделник до петок во 17:30 на Канал 5, гледајте ја комедијата по која „полуде“ целиот свет , а во која главна улога има актуелниот претседател на  Украина, некогашниот комичар- Володимир Зеленски.

Сподели на:

Од понеделник до петок во 17:30 на Канал 5, гледајте ја комедијата по која „полуде“ целиот свет , а во која главна улога има актуелниот претседател на  Украина, некогашниот комичар- Володимир Зеленски.

Скромниот и чесен учител Василиј е снимен на камера како беснее поради мизерната ситуација во неговата земја. Кога ученик ќе го објави видеото на Youtube, тоа станува вирална сензација. Сите го сакаат Василиј и луѓето почнуваат да собираат пари за претседателска кампања. Која ја добива! Слуга на народот го следи новиот живот на Василиј како претседател, кој одбива да се промени, ги обива сите привилегии, сака да живее во неговиот стан со родителите, да позајмува пари од пријателите на крајот на месецот и да оди на работа со велосипед; само што сега неговата работа е како најмоќен човек во државата.

Слуга на народот беше рекордер за канал 1+1 во Украина, а покрај три сезони е снимен и долгометражен филм. По огромниот успех на серијата, креаторот и водечки актер Володимир Зеленски ја објави својата намера да се кандидира за претседател на изборите во 2019 година – овој пат реално! Зеленски стигна до убедлива победа на бранот незадоволство на гласачите од претходниот режим и кампања која ветува крај на корупцијата против која се бори и неговата измислена креација.

Најбараната тв серија во светов во моментов, ексклузивно на Канал5, секој работен ден во 17:30 часот.

Сподели на:

Слични Објави