Даниел Кајмакоски вчера бил киднапиран во Белград

Сподели на:

Денес на социјалните мрежи се огласи ПР на Даниел Кајмакоски познатиот артист од Македонија кој како што стои во објавата вчера вечер бил киднапиран од непознати лица во Белград кај Бетон хала. Киднаперите му побарале 20.000 евра за да го ослободат, во моментов Кајмакоски е слободен и во добра состојба. МВР на Србија трага по киднаперите.

Драги пријатели,веста дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран ноќеска во близина на Бетон хала во Белград е точна.Зборував со Даниел пред малку, добро е. По ноќта помината во полиција, сега е дома. Она што можеме да го потврдиме е дека полицијата трага по непознатите сторители кои се странци, кои го врзале и го возеле во неговиот автомобил барајќи му 20.000 евра. Возеле накај Рума, кога сообраќајната полиција се обидела да ги запре. Возилото удрило во банкина, киднаперите излегле од автомобилот и избегале. Даниел потоа поминал неколку часа во полициска станица. Од она што го чув од Даниел во краткиот разговор, ми се чини дека многу смирено и храбро се соочил со киднаперите. Сега му е потребен мир и во интерес на полициската истрага нема да дава изјави. Им благодариме од срце на сите добри луѓе кои се јавија и се грижат за него. Миланка Рашиќ, ПР

Сподели на:

Слични Објави