Влатко Орданоски го фати Светиот крст во Прилеп

Сподели на:

Нека е честит денешниот голем празник, Водици или Богојавление, денот кога Св Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Крштевањето односно духовното раѓање претставува една од повеќето свети тајни на христијанството. Градоначалнокот Јовчески изјави: Ден кога традиционално се собираме за овај чин на светото фрлање на крстот и осветување на водите и ми претставува задоволство што оваа година успеавме да го организираме овој свет чин тука на базенот во Салида каде што имавме 120 учесници. А освен тука ваков свет чин денес се одржа уште во 15 други населени места во општина Прилеп. Секаде имавме претставници од Општината, освен лично јас и претседателот на Совет, вклучени беа и сите советници, а за сите учесници на денешниот чин имавме симболични и пригодни подароци. Им благодарам на општествено одговорните компании кои што традиционално го помагаат овој свет чин и настан. Во оваа прилика им го честитам празникот и на претставниците на црквата, на свештените лица, на нашата Македонска Православна Црква, на Преспанско-Пелагониската Епархија и впрочем на сите православни христијани и на сите Македонци. На пронаоѓачот на светиот крст во Прилеп, Влатко Орданоски, му посакувам да го следи многу среќа оваа година, него и неговото семејство, да имаат добро здравје, мир и бериќет. Денес испраќаме порака да останиме здрави и живи, да ги пребродиме сите премрежја со кои се соочуваме како народ и како држава и со верба во Бога да останиме сплотени и цврсти во намерата дека мораме да останиме свои на своето и да имаме просперитет во оваа нова година. Нека ни е за многу години празникот, Бог се јави !

Сподели на:

Слични Објави