Македонската химна ечи од 7000 грла (видео)

Сподели на:

Во тек е натпреварот Македонија – Чешка за пласман на светското 2023.

Македонската ракометна репрезентација ја пречека селекцијата на Чешка во реванш натпреварот, кој ќе одлучи кој ќе биде патник на СП2023 година.

Ова всушност ќе биде и последен меч во репрезентацијата за актуелниот селектор Кире Лазаров.

Самиот капитен и селектор најави дека ќе вложат максимални напори за да обезбедат триумф и да обезбедат Светско првенство, со што достојно би се простил од публиката.

„Со предноста на домашен терен од 7.000 навивачи, имаме шанси за добар резултат, се надевам ќе го постигнеме тоа. Ќе биде емотивно, ова е мојот последен натпревар за репрезентацијата, се надевам ќе имаме среќен крај“, беше коментарот на Лазаров пред овој натпревар.

Публиката сигурно е на висина на задачата, па ако Лазаров се одјавува веќе денес, тоа треба да биде во вистински стил, пеколно за противникот и емотивно за нашиот народ и публика.

Сподели на:

Слични Објави