ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ СВ. НИКОЛА 2022, ЌЕ ИМА!
Турнир во мал фудбал по повод патрониот празник на Прилеп СВ. Никола оваа година ќе има изјавија од Општина Прилеп, оваа година како покровител заедно со новоформираниот иницијативен одбор, денес ги започна подготовките за организација на традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола 2022”.
Турнирот ќе се одржи по пауза од 3 години, а натпреварите ќе се одиграат од 10 до 25 декември во спортската сала на основното училиште “Добре Јованоски”.
Од Општина Прилеп изјавија дека турнирот оваа година ќе понуди богата спортска програма со 5 натпревари во еден ден, а во викендите предвидени се и натпревари за најмалите, како и ревијални натпревари.
Како покровител на турнирот “Св. Николa”, заедно со иницијативниот одбор ќе се погрижат турнирот да се одржи во одлична спортска атмосфера и организација.